Концерт на Илкоски и Имери во Филхармонијата

од admin_kult

Младите афирмирани уметници – виолинистот Бојан Илкоски и пијанистот Дино Имери– кои како дует во изминатите седум години имаа заеднички концерти во земјава и во странство, вечер од 20 часот ќе настапат во Камерната сала на Филхармонијата.

Публиката ќе има можност да ја слушне премиерно новата програма што ќе ја изведуваат уметниците напролет низ повеќе европски метрополи, почнувајќи со ексклузивен рецитал на престижниот Љубљански фестивал во Словенија.

На програмата се дела од: Кодаи, Дебиси, Крајслер, Виењавски, Изаи, Бацини, К. Петровски/Дамир Имери. Концертот се реализира во соработка со Еуромак и Филхармонијата. 

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе