Кинотеката продолжува со летното кино „Мирно лето“ и во октомври

од admin_kult

Филмската програма на Кинотеката под отворено небо во летното кино „Мирно лето“ продолжува и во октомври. Според Кинотеката, со најавените здравствени протоколи, есенва ќе почнат и стандардните филмски проекции во кинотечното кино.

За идниот месец, Кинотеката најавува филмови за сечиј вкус, меѓу кои и новиот македонски филм „ТМ“ на двоецот Ивица Димитријевиќ и Мартин Иванов во независна продукција.

На 7 октомври, пак, Кинотеката ќе ја додели наградата за животно дело „Златен објектив“, а од 13 до 15 октомври ќе се одржи Интернационалниот фестивал на дебитантски филмови „Киненова“.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе