„Каменот“ – премиера на Театарот од Прилеп

од admin_kult

Во Театарот „Војдан Чернодрински“ денеска (25.11.2020 г.) во 18 часот премиерно ќе биде прикажана претставата „Каменот“ од Мариус фон Мајебург, во режија на Кристина Димитрова.

Претставата „Каменот“ се занимава со она што претставувало предизвик за многу драматурзи, режисери, писатели и уметници во повоениот период: Како се чувствуваат нашите предци денес во нас самите? Оваа претстава нуди увид во желбата за дознавање на вистината, но без самоповредување, односно без оштетување на позитивната самоперцепција.

Ова е прва премиера по прогласувањето на пандемијата од корона-вирусот. Сѐ ќе се одвива според протоколите за заштита и со само 30 проценти публика во салата од Театарот.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе