Филхармонијата со роденденски концерт и челистката Кобекина како солистка

од admin_kult

„Колаж“ е насловот на роденденскиот концерт на Филхармонијата на кој утре, четврток, од 20 часот, ќе бидат изведени дела од Камиј Сен-Санс и Карл Марија Вебер. Со оркестарот ќе диригира маестро Габриел Бабешелеа, а солист ќе биде руската виолончелистка Анастасија Кобекина.

На овој ден пред 76 години е создадена Филхармонијата, само 11 дена по ослободувањето на Скопје. Создадена во тешки услови, но во фантастична атмосфера и дух – во слобода! Во изминативе речиси осум децении, оркестарот активно музицира и се надоградува, негувајќи го духот во кој беше создаден.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе