Јавен повик за изготвување листа на уметници и други лица кои вршат дејност во културата

од admin_kult
  1. ПРЕДМЕТ

Предмет на овој јавен повик е изготвување Листа на уметници и други лица кои самостојно вршат дејност или друг вид активност од областа на културата, или преку авторски или друг вид договор, заклучно со 27.9.2020 година, се ангажирани во правно лице за вршење дејност од областа на културата (во натамошниот текст: Листата), врз чија основа уметниците и другите лица кои вршат дејност во културата ќе можат да се стекнат со право на финансиска поддршка во висина од 6.000,00 денари, која може да се користи исклучиво за купување македонски производи и услуги во периодот од денот на приемот на средствата на трансакциска сметка до 25.12.2020 година.

  1. ПРАВО НА УЧЕСТВО – УСЛОВИ

Право на учество на Јавниот повик имаат:

  1. Уметници кои:
  • самостојно вршат дејност или друг вид активност од областа на културата, или преку авторски или друг вид договор, заклучно со 27.9.2020 година, се ангажирани во правно лице кое е регистрирано за вршење на дејност од областа на културата;
  • се државјани на Република Северна Македонија;
  • за периодот јануари – август 2020 година оствариле доход во нето-износ што не е поголем од 120.000,00 денари во согласност со евиденцијата на Управата за јавни приходи;
  • самостојно, или преку авторски или преку друг вид договор, учествувале во реализација на најмалку три проекти од областа на културата во последните три години.
  1. Други лица кои:
  • самостојно вршат дејност или друг вид активност од областа на културата, или преку авторски или друг вид договор, заклучно со 27.9.2020 година, се ангажирани во правно лице кое е регистрирано за вршење на дејност од областа на културата;
  • се државјани на Република Северна Македонија;
  • за периодот јануари – август 2020 година оствариле доход во нето-износ што не е поголем од 120.000,00 денари во согласност со евиденцијата на Управата за јавни приходи;
  • самостојно, или преку авторски или преку друг вид договор, учествувале во реализација на најмалку три проекти од областа на културата во последните три години.

Лицата од точките 1 и 2 од оваа глава од Јавниот повик не смеат да бидат вклучени во листите од членот 3 ставови 1, 2, 3, 4, 5, 6, 8 и 9 од Законот за финансиска поддршка на граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници, односно не смеат да бидат вклучени во следниве листи:

  1. Листа на граѓани со низок доход;
  2. Листа на корисници на пензија;
  3. Листата на корисници на право на социјална сигурност на стари лица;
  4. Листа на млади лица;
  5. Листа на самохрани родители;
  6. Листа на деца без родители и родителска грижа;
  7. Листа на филмски работници;
  8. Листа на естрадни уметници.

III. ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА СЕ ДОСТАВУВА НА ЈАВНИОТ ПОВИК

За вклучување во Листата, уметниците и другите лица од Главата II од овој јавен повик треба да достават:

  • Барање за вклучување во Листата;
  • Изјава за исполнетост на условите за вклучување во Листата.
  1. IНАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊЕТО И РОКОВИ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊЕТО
  • Образецот на Барањето, образецот на Изјавата и Законот за финансиска поддршка на граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници се објавени на веб-страницата на Министерството за култура на денот на објавување на овој јавен повик.
  • Образецот на Барањето и образецот на Изјавата задолжително се преземаат од веб-страницата на Министерството за култура kultura.gov.mk и се пополнуваат во електронска форма со впишување податоци на означеното место и се доставуваат во електронска форма на електронската адреса info@kultura.gov.mk
  • Крајниот рок за доставување на барањата е 12.12.2020 година (сабота).
  • Барањата кои не се доставени во рокот утврден во овој јавен повик, кои не се пополнети на образецот кој е составен дел од овој јавен повик и кои се нецелосно пополнети нема да бидат вклучени во Листата на уметници и други лица кои самостојно вршат дејност или друг вид активност од областа на културата, или преку авторски или друг вид договор, заклучно со 27.9.2020 година, се ангажирани во правно лице за вршење дејност од областа на културата.
  1. ДОСТАВУВАЊЕ НА ЛИСТАТА

Листата на уметници и други лица кои самостојно вршат дејност или друг вид активност од областа на културата, или преку авторски или друг вид договор, заклучно со 27.9.2020 година се ангажирани во правно лице за вршење дејност од областа на културата, Министерството за култура ќе ја достави до Управата за јавни приходи во рок од пет дена од денот во влегување во сила на Законот за финансиска поддршка на граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници.

  1. ЗАБЕЛЕШКИ
  2. Финансиската поддршка, начинот на исплата и висината на финансиската поддршка се утврдени во Законот за финансиска поддршка на граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници.
  3. Во согласност со членот 9 од Законот за финансиска поддршка на граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници, лицата кои примиле финансиска поддршка во согласност со Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање на дебитна платежна картичка за купување на македонски производи и услуги за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.137/20, 147/20, 151/20, 156/20, 157/20 и 169/20) не можат да користат финансиска поддршка во согласност со овој закон.

Закон за финансиска поддршка на уметниците

Барање за вклучување во Листата на уметници и други лица кои самостојно вршат дејност или друг вид активност од областа на културата

Изјава за исполнетост на условите за вклучување во Листата на уметници и други лица кои самостојно вршат дејност или друг вид активност од областа на културата

 

 

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе