ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА АВТОРСКОТО ПРАВО И СРОДНИТЕ ПРАВА

од admin_kult

Министерството за култура, на 14.06.2021 година го прикачи текстот на Предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права на страницата на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Северна Македонија ener.gov.mk .

Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права, е подготвен заради пропишување на нормативна основа за воспоставување на ефикасен модел за функционирање на системот на колективното управување со авторското право и сродните права, усогласен со Директивата 2014/26/EC за колективно управување со авторското право и сродните права и мулти-територијално лиценцирање на музички дела за користење преку интернет. Исто така  измените на Законот се пoдготвуваат и заради усогласување со  Директивата 2011/77/ЕУ за изменување на Директивата 2006/116/ЕУ за времетраењето на заштитата на авторското право и сродните права, во однос на заштитата на коавторите на музички дела со текст, како и на времетраењето на заштитата на изведувачите и фонограмските продуценти на снимени музички изведби, односно фонограми. Воедно, измените на Законот се подготвени и заради  соодветно воведување на одредбите од Директивата 2012/28/ЕУ за дозволено користење на делата сираци, усогласување со Договорот од Маракеш за олеснување на  пристапот до објавени дела за лицата кои се слепи, имаат оштетен вид или на друг начин се оневозможени да користат печатени материјали, како и за усогласување на Законот со Законот за прекршоците („Службен весник на Република Македонија” бр. 96/19).

Ве покануваме, вашите мислења и предлози по Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права,  да ги доставите до Министерството за култура во период од 20 дена, на следните е-маил адреси: f.gorsovska@kultura.gov.mk, a.stefanoski@kultura.gov.mk и на s.spirovska@kultura.gov.mk

.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе