Изложбата „Неправилен ритам“ на Билјана Билбилоска во Белград

од admin_kult

Самостојната изложба на слики од македонската уметница Билјана Билбилоска е отворена во куќата на поетот Ѓура Јакшиќ во Белград. На изложбата се претставени слики изработени во последните три години, во техника масло и акрил на платно и на картон.

За оваа изложба, д-р Александар-Андрија Пејовиќ вели дека моќта на бојата и силата на колоритот најмногу доаѓаат до израз во рамките на ноктуралниот аспект на творештвото на Билбилоска.

– Уметницата ноќта ја гледа низ распрснување на црвен превез врз сината боја на ноќта, а ехото просто ги задушува темнината и мракот со својата мултидимензионална светлина на боите, кои се слушаат посилно и попробивно и од звукот. Всушност, способноста звукот да се прикаже во вид на боја, цртеж кој има должина, ширина, висина, длабочина, но и правец, оставаат најголем впечаток кај посматрачот на оваа уметничка порака – нагласува Александар-Андрија Пејовиќ. Изложбата ќе биде отворена до 31 јули.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе