Изложба „Студентска графика“

од admin_kult

Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Катедрата по графика и Фондацијата „Драгутин Аврамовски-Гуте“ по 34-ти пат ја организираат изложбата „Студентска графика – Драгутин Аврамовски-Гуте“. Изложбата ќе биде отворена денеска во 13 часот во Галеријата на ФЛУ.

На отворањето на изложбата ќе биде доделена наградата за најуспешно графичко дело реализирано во академската 2020/2021 година на студентот од трета година на Катедрата по графика, Стефан Божиновски, како и пофалници за студентите чии дела влегуваат во потесната селекција. Учествуваат студенти од сите студиски години на Катедрата по графика и на Катедрата по ликовна педагогија – насока графика. Како и изминатите години, изложени се и плакати дизајнирани за годинашната изложба од страна на студентите од четврта година, кои ја посетуваат наставата на модулот Графички дизајн.

Традиционално, за најдобро изведено графичко дело во академската 2020/21 година, ќе биде доделена паричната награда од семејната Фондација „Драгутин Аврамовски-Гуте“, а наградениот студент ќе има можност и за самостојно претставување во текот на следната академска година во галериите на ФЛУ.

Оваа изложба ја организира Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Фондацијата „Драгутин Аврамовски-Гуте“ ја доделува истоимената награда од 1988 година, кога првпат постхумно е доделена, во чест на професорот и еден од основачите на Катедрата по графика.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе