Изложба на Зулејха Али Зубери во Домот на културата „Кочо Рацин“

од admin_kult

Во Домот на културата „Кочо Рацин“ – Скопје, во Галеријата „КО-РА“, денеска ќе биде отворена изложба на Зулејха Али Зубери.

Зубери има дипломирано на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во класата на професор Антонио Мазневски, на одделот сликарство со конзервација и реставрација. Членка е на ДЛУМ, а има учествувано и на повеќе групни изложби во земјава и надвор од неа. Добитничка е на наградата „Константин Мазев Коце“ во 2019 година за изложбата „Ликовно творештво – мал формат“.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе