Во Центарот за култура во Дебар денеска (24.11.2020 г) во 12 часот ќе биде отворена самостојна изложба на дебарскиот сликар Дритан Боцку.
Во рамките на изложбата ќе бидат претставени 14 дела‒диптиси и триптиси,дела со мртва природа, портрети и апстракции ‒изработени со масло на платно и акрил на платно, како и со темпера.
Дритан Боцку е академски сликар од Дебар. Завршил Факултет за ликовни уметности‒сликарство во Тетово во 2002 година.
Изложбата,која е дел од Годишната програма на НУ Центар за култура – Дебар за 2020 година, ќе биде отворена до петок, 27 ноември.