Излезе од печат стрип-албумот „Ægri Somnia“

од admin_kult

На македонската стрип-сцена деновиве ќе се појави стрип-албумот „Ægri Somnia“, на едни од најактивните стрип-автори во државава: Дарко Богданов – цртеж и Александар Стеванов – сценарио.

Албумот е, всушност, антологиско збирно издание составено од кратки стрипови со кое се заокружува досегашната соработка на авторите, која почна во 2012 година, и претставува нивен прв заеднички стрип-албум иако и двајцата автори досега веќе имаат објавено поголем број стрип-публикации.

– Како што кажува и самиот наслов на изданието, кое во превод значи „Сон на болниот човек“, алката која ги поврзува стриповите во албумот е преклопувањето на две димензии. Во овие седум кратки приказни се поместуваат границите меѓу реалноста и сонот, свесното и несвесното, сето тоа претставено на еден по малку надреалистички и симболичен начин, создавајќи една целина – изјави Дарко Богданов.

Стрип-албумот е финансиски поддржан од Министерството за култура, како дел од годишната програма од национален интерес, и се очекува наскоро да се појави во продажба.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе