ИН МЕМОРИЈАМ: Почина познатиот македонски актер Љупчо Тодоровски-Упа

од admin_kult

На 63-годишна возраст, денеска почина познатиот македонски актер Љупчо Тодоровски-Упа.

Тодоровски дипломирал актерство во 1983 година во класата на проф. Љубиша Георгиевски. За време на студиите настапувал во Драмскиот театар, а по академијата, воден од творечкиот немир, предизвикот на големиот град и можноста за почесто играње на филм, заминал за Белград, каде што настапувал во повеќе филмови и театарски претстави. Од 1997, Љупчо Тодоровски-Упа се занимавал и со театарска режија,  филмска и ТВ-продукција и пишување сценарија.

Настапувал во над 30 филмови и ТВ-серии на осум јазици, има петнаесетина театарски режии, десетици улоги во проекти и во театарски куќи низ цела поранешна Југославија, како и безброј разни други сценски настапи.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе