Хуманитарен концерт на „Танец“ и на „Ладо“ вечер на „Охридско лето“

од admin_kult

„Танец и Ладо под звездите“ е наречен целовечерниот концерт на националните фолклорни ансамбли на Северна  Македонија и на Хрватска, што ќе се одржи вечер (28 јули) од 22 часот на сцената на Античкиот театар во Охрид. Концертот е од хуманитарен карактер и се одржува во оф-програмата на „Охридско лето“, а средствата од продажбата на билетите ќе бидат донирани во здравството.

„Танец“ е првиот професионален фолклорен ансамбл во Република Северна Македонија, кој е формиран во 1949 година со цел да ги собира и да ги негува македонските традиционални песни и игри, народните носии и инструменти, и преку соодветен уметнички израз, сценски да го поставува и да го претставува она што е највредно од богатата ризница на македонскиот народ.

Хрватскиот ансамбл за народни игри и песни „Ладо“ е национален професионален фолклорен ансамбл основан во 1949 година со задача и цел да ги истражува, собира, уметнички да ги обработува и сценски да ги претставува најубавите примери од богатата хрватска музичка и танцова традиција.

 

 

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе