Галичник Филм Фестивал – „Свој на своето!“

од admin_kult

Во живописното село Галичник од денеска до недела ќе се одржи 2. издание на „Галичник филм фестивал“. Фестивалот ја промовира уметноста на краткометражниот филм, но и нови филмски автори и нивните остварувања од регионот и пошироко. Проекциите ќе се одржуваат под отворено небо, а доцните часови се резервирани за концерти со филмска музика. Фестивалот го организираат „Дарма филм“ и месна заедница Галичник.

Селекцијата вклучува 26 филмови од цел свет, во три натпреварувачки категории: игран, документарен и анимиран краткометражен филм. На отворањето на фестивалот ќе биде прикажан филмот „Налепница“ по сценарио и режија на Георги М. Унковски. Дополнително, посетителите на Галичник викендов ќе имаат можност да го погледнат и „Кавал“ на Саша Станишиќ.

Во рамки на фестивалот ќе бидат прикажани и неколку европски премиери, но и филмови што се натпреварувале за „Оскар“, на Канскиот филмски фестивал, Санденс и други.

Проекциите ќе се одржуваат под отворено небо, а доцните часови се резервирани за концерти со филмска музика. Фестивалот го организираат „Дарма филм“ и месна заедница Галичник. Програмата на фестивалот е бесплатна.

„Галичник филм фестивал“ се одржува со поддршка од Агенцијата за филм и Делегацијата на Европската Унија.

 

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе