Драмскиот театар утре одбележува 75 години постоење

од admin_kult

Седумдесет и пет години живее Драмскиот театар и го чува духот на сите големи актерски имиња кои го полнеле храмот на уметноста со смеа, солзи, аплаузи, соопшти денеска в. д. директорката на Театарот, Катарина Коцевска-Хаџи Василева, по повод утрешниот роденден на Театарот.

Таа во честитката посочува дека 75. роденден не може да се прослави како што прилега, но со надеж и верба дека оваа празнотија во театарот е привремена, работат и чекаат својата енергија, талент и магија да ги споделат со оние на кои им е наменет театарот – публиката.

– За жал, не можеме да го наречеме среќен и да го прославиме на начин како што му прилега на Драмски: со сите актери на сцена, со цела техника, со полн салон, со аплауз. Но, со надеж и верба дека оваа празнотија во театарот е привремена, ние работиме и чекаме нашата енергија, талент и магија да ги споделиме со оние на кои им е наменет театарот – публиката! – посочува Коцевска-Хаџи Василева.

Исто така, таа посакува сите следни родендени да бидат прославени со цел ансамбл и со полн салон.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе