Драмска дејност 2019

од Ministerstvo za kultura

Годишни конкурси за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2019 година по дејности и области

 

Годишни конкурси

за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2019 година по дејности и области

 

I. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Министерството за култура на годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2019 година ќе поддржи проекти кои се во функција на развој, афирмација и промоција на културата во Република Македонија во следниве дејности и области:

  • визуелни уметности, архитектура и дизајн;
  • фолклор, музичка и музичко-сценска дејност;
  • драмска дејност;
  • литература и издавачка дејност;
  • интердисциплинарни проекти;
  • заштита на недвижното, движното (библиотечна дејност, музејска дејност, заштита на аудиовизуелни добра) и нематеријалното културно наследство;
  • меѓународна соработка.

    II. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА КОНКУРСИТЕ

    • Право на учество на конкурсите имаат правни лица и физички лица – државјани на Република Македонија.
    • Под правни лица се подразбираат установи од областа на културата (локални или приватни), здруженија, сојузи, асоцијации, трговски друштва, трговци поединци и други, регистрирани во Република Македонија за дејности од областа на културата.
    • Правните и физичките лица кои имале поддржани проекти од Министерството за култура во претходниот период треба да ги имаат исполнето сите обврски во согласност со склучените договори со Министерството за култура.
    • На конкурсите НЕ учествуваат национални установи од областа на културата. Националните установи, во согласност со Законот за културата, во јуни во тековната година донесуваат нацрт-годишна програма за работа на установата и ја доставуваат до Министерството за култура.
      • За исполнување на условите, задолжително се доставува:
      • 1.1. За физички лица – Уверение за државјанство на Република Македонија.
      • 1.2. За проекти кои се организираат преку заедничка соработка на две или повеќе физички лица, поединци, односно од неформални групи, се доставува  писмена изјава  од  учесниците  во проектот со која се  назначува носителот на проектот и само за него се доставува Уверение за државјанство на Република Македонија.
      • 1.3. За правни лица – Документ за регистрирана дејност од областа на културата  (Образец ДРД) издаден од Централниот регистар на Република Македонија, не постар од 6 месеци, со исклучок на единиците на локалната самоуправа, локалните установи и другите правни лица чиј основач е Република Македонија.

      1.4. За правни лица – Тековна состојба од Централниот регистар на Република Македонија, не постара од 6 месеци.

      III. КАТЕГОРИИ, ПРИОРИТЕТИ, КРИТЕРИУМИ И МЕРИЛА

      Категориите, приоритетите, критериумите и мерилата врз чија основа ќе се врши оцена на проектите по одделни дејности, односно области, се содржани во пријавите кои се составен дел на конкурсите.

      IV. ПРОЦЕНТ НА УЧЕСТВО НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА ВО ФИНАНСИРАЊЕТО НА ПРОЕКТИТЕ

      • Процентот на учество на Министерството за култура во финансирањето на проектите е во согласност со средствата предвидени за финансирање проекти од национален интерес во Буџетот на Република Македонија за 2019 година и бодирањето на стручната комисија од областа.

      IV.1. Бодирање на проектите (максимум 100 бода):

      – референтна листа на претходно реализирани проекти – до 10 бода (опционално);
      – опис на проектот – уметничка  вредност (цели и очекувани резултати) – до 40 бода (опционално);
      – буџет на проектот (оправдани трошоци со понуди, преддоговори, договори, изјави и сл.)- до 30 бода (опционално);
      – план на активности и видливост на проектот – до 10 бода (опционално);
      – проекти од непрофитен карактер – до 10 бода (опционално).

      Дополнителни бодови:

      • промоција на еднакви можности за сите (мултикултурни вредности во општеството, родова рамноправност, инклузија на лица со посебни потреби, социјално ранливи групи итн.) – 5 бода;
      • создавање нови дела од областа на културата – 5 бода.

      IV.2. Финансирање врз основа на бодирање:

      0 – 65 бода – проектот нема да биде финансиран од страна на Министерството за култура;

      66 – 75 бода – проектот ќе се финансира до 40% од планираните трошоци (од страна на стручната комисија ќе се утврди кои ставки и/или линии од буџетот ќе бидат финансирани);

      76 – 95 бода – проектот ќе се финансира од 40% до 85% од планираните трошоци (од страна на стручната комисија ќе се утврди кои ставки и/или линии од буџетот ќе бидат финансирани);

      96 – 100 бода – проектот ќе се финансира од 85% до 100% од планираните трошоци (носителот на проектот има право на пренамена на 20% од средствата во буџетот).

      V. НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

      • Пријавите по дејности и области, кои се составен дел од конкурсите по дејности и области, се објавени на веб-страницата на Министерството за култура на денот на објавување на конкурсите.
      • Пријавите задолжително се преземаат од веб-страницата на Министерството за култура www.kultura.gov.mk, се пополнуваат во електронска форма со впишување податоци на означеното место и се потпишуваат од овластено лице и се доставуваат во печатена форма во Министерството за култура. За секој проект се пополнува одделна пријава.
      • Пријавите треба да се достават до Министерството за култура по пошта (ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“ бр. 61, 1000 Скопје), со датум на поштенскиот жиг, или лично во пи­сар­ни­цата на Министерството најдоцна до 16:30 часот во работните денови.
      • Нема да бидат разгледувани следниве пријави: доставени по истекот на рокот на конкурсите, пополнети на несоодветен образец, доставени по електронска пошта, нецелосно пополнети и некомплетни пријави без приложена документација која задолжително се бара. Материјалите доставени со пријавите на конкурсите не се враќаат.
      • Пријавата за годишните конкурси се става во затворен  плик, со назнака „НЕ ОТВОРАЈ’’. Затворениот плик се става во друг плик заедно со ОБРАЗЕЦОТ – Пријавен лист. На надворешната страна на пликот се става адресата на Министерството за култура.
      • Конкурсите траат од 29.9.2018 до 14.11.2018 година

        VI. ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД КОНКУРСИТЕ

        • Сите учесници на конкурсите за резултатите ќе бидат известени во согласност со Законот за културата.
        • Резултатите од конкурсите ќе бидат објавени на веб-страницата на Министерството за култура.
        • Објавените резултати од конкурсите ќе содржат информации за носителот на проектот, краток опис, период и локација на имплементација, побарана и доделена поддршка од страна на Министерството за култура.

        VII. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

        • Пријавите од учесниците на конкурсите кои немаат искуство во областа на културата ќе бидат поддржани со максимален  износ до 100 000 денари.
        • Начин на исплата на средствата:

        – 70% по доставување барање за исплата, дополнето со изјава за наменско користење на средствата и доставени договори;

        – 30% по доставување финансиски и наративен извештај.

        • Дополнителни информации во врска со Конкурсот за визуелни уметности, архитектура и дизајн може да се добијат во Секторот за дејности од областа на културата, Одделение за визуелни уметности, архитектура и дизајн, на телефонскиот број 02/3240-556, кај одговорното лице Елена Варошанец.
        • Дополнителни информации во врска со Конкурсот за фолклор, музичка и музичко-сценска дејност може да се добијат во Одделението за центри на културата,  фолклор и музичко-сценска дејност, на телефонските броеви 02/3289-797 и 02/3240-547, кај одговорните лица Лилјана Мострова, Лулзим Селмани и Мандика Нича.
        • Дополнителни информации во врска со Конкурсот за драмска дејност може да се добијат во Одделението за драмска и филмска дејност, на телефонскиот број 02/3240-548, кај одговорните лица Снежана Иванова-Китанова и Бесим Ибрахими.
        • Дополнителни информации во врска со Конкурсот за литература и издавачка дејност може да се добијат во Секторот за издавачка дејност (Сектор за книга), на телефонските броеви 02/3240-574 и 02/3240-575, кај одговорните лица Весна Ѓуровска, Назмије Гаши и Емина Пројка.
        • Дополнителни информации во врска со Конкурсот за интердисциплинарни проекти може да се добијат во Секторот за дејности од областа на културата, на телефонскиот број 02/3240-612, кај одговорните лица Зоја Андоновска и број 02/ 3240 – 554 Марија Џунова.
        • Дополнителни информации во врска со Конкурсот за заштита на културното наследство може да се добијат во Секорот за заштита на културното наследство, и тоа во: Одделението за недвижно културно наследство и заштита на аудиовизуелните добра (02/3207-405 и 02/3207-455) кај одговорните лица Елена Павлова и Афет Јашари, Одделението за музејска дејност и за заштита на нематеријалното културно наследство (02/3207-417 и 02/3207-428) кај одговорното лице  Ибуш Абази и Одделението за библиотечна дејност (02/3207-415, 02/3207-427 и 02/3207-437) кај одговорното лице Лумтурије Зајази.
        • Дополнителни информации во врска со Конкурсот за меѓународна дејност може да се добијат во Секторот за меѓународна соработка и соработка со УНЕСКО кај одговорните лица на следниве телефонски броеви: Ирина Кроткова 02/3240-518, Татјана Краљевска–Лазарова 02/3240-591 и Љубица Стефановска  02/3240-533.

        МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА

        ул. Ѓуро Ѓаковиќ бр. 61

        1000 Скопје

        Република Македонија

        Teл: +389 (02) 3240643 / 3240604 / 3240605 / 3240620 / 3240500 / (02) 3240514

        www.kultura.gov.mk

      • Задолжително се преземаат за секој конкурс:
         – образец од дејноста каде што се конкурира
        образец пријавен лист и
        образец буџет.

 

 

 

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе