Продлабочување и интензивирање на соработката во областа на културата беше во фокусот на денешната работна средба меѓу министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и амбасадорот на Кралството Холандија Н.Е. Дирк Јан Коп.
Во фокусот на средбата беа три теми, можностите за соработка во областа на заштитата на културното наследство, младинските политики и начините за нивно поинтензивно вклучување во иституциите на системот, како и евроинтеграциите.
Соговорници се согласија дека двете држави имаат традиционално пријателски односи што треба да се искористи за унапредување на културната соработка за што постои голем потенцијал.