Педесетта изведба на „Странци“ во Драмскиот театар

од admin_kult

Претставата „Странци“ денеска ќе ја има својата 50-та изведба на сцената на Драмскиот театар.

Како што потсетуваат од Драмскиот театар, пред четири години, на 12 мај, за првпат на сцената на Театарот се одигра претставата „Странци“, во режија на Нела Витошевиќ, работена според сценариото од повеќе автори на италијанскиот филм „Совршени странци“ на Паоло Џеновезе.

Актерската екипа ја сочинуваат: Игор Ангелов, Ирена Ристиќ, Билјана Драгиќевиќ-Пројковска, Зоран Љутков, Сања Арсовска, Филип Трајковиќ и Предраг Павловски.

Сценографијата е на Костантин Трпеноски, костимографијата на Роза Трајческа-Ристовска, a музиката на Огнен Анастасовски. Драматург на претставата е Викторија Рангелова.

– Драмскиот театар Скопје со оваа претстава учествува на повеќе домашни и меѓународни фестивали, меѓу кои: „Денови на комедијата“ во Куманово, МТФ „Тетовски театар“ во Тетово, „Скопско лето“ во Скопје, МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, РУТА – Група Триглав во Подгорица и во Белград – истакнуваат од Драмскиот театар.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе