Во Концертната сала на Центарот за култура – Дебар денеска (5 ноември 2021 г.), во 17:00 часот, премиерно ќе биде изведена драмската претстава „Бегалка“ од Васил Иљоски.
Станува збор за аматерска драмска претстава во режија на Џевит Мифтароски, а улогите ги толкуваат ученици од средното училиште во Дебар.
Драмската претстава е во организација на Центарот за култура – Дебар, како дел од Годишната програма за работа на институцијата, и е поддржана од Министерството за култура како проект од национален интерес за 2021 година.
Настанот ќе се одржи со почитување на здравствените протоколи, со ограничен број посетители.