Археолошки истражувања на локалитетот „Тресковечка Чука“

од admin_kult

Националната установа Завод за заштита на спомениците и музеј Штип информира дека се во тек археолошките истражувања на локалитетот „Тресковечка Чука“.

„Тресковечка чука“ е утврдување со воен карактер на неговиот врв, каде што на рамното плато се наоѓаат остатоците од тврдината која егзистирала во минатото, односно во доцната антика/рана Византија, а некои наоди наведуваат и на егзистенцијата во средниот век.

Локалитетот „Тресковечка Чука“ има значаен карактер затоа што по текот на реката Крива Лакавица се наоѓа трасата со многу важен и значаен антички пат, со хронолошка рамка на утврдено егзистирање и во средниот век, кој поминува низ овој дел од РСМ, поврзувајќи големи трговски и военополитички центри, како што се големите антички градови на територијата на денешните современи регионални центри Штип и Струмица.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе