Ана Дурловски е авторка на македонската порака по повод Меѓународниот ден на операта

од admin_kult

– Возбудата и ентузијазмот и понатаму се главен двигател за остварување на мојата мисија. Нема поголема стимулација од онаа некому да му ги разбудиш емоциите, да му ја поттикнеш мислата. Не случајно се вели дека уметноста може да те издвои, но и да те соедини со светот – вели нашата оперска солистка, примадона на Националната опера и балет со значајна меѓународна кариера, Ана Дурловски, авторка на македонската порака по повод Меѓународниот ден на операта (25 Октомври).

Таа додава дека затоа, во ова време на пандемија, во кое вирусот КОВИД-19 го гасне светлото на рефлекторите, повеќе од неопходна ни е комуникацијата со уметноста, со културата, низ нив да се преиспитуваме, да бидат нашата надеж, нашата иднина.

Организатор и промотор на настанот, кој ќе се одбележи виртуелно, е Македонскиот центар ИТИ/продукција.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе