АМС ја одбележа 100-годишнината од животот и делото на Блаже Конески

од admin_kult

Во чест на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, Агенцијата за млади и спорт (АМС), во делот на активностите за млади, ги додели наградите на конкурсите за млади талентирани лица. Распишаните конкурси: „Млади поети”, „Млади уметници” и „Млади музички уметници”, годинава беа на темата „100 години од животот и делото на Блаже Конески”, со што и Агенцијата за млади и спорт се приклучи кон одбележувањето на јубилејот на великанот на македонската култура. Беа доделени 14 награди во три возрасни категории.

Оваа активност на Агенцијата за млади и спорт беше дел од Националната програма „2021 – Година во чест на Блаже Конески”, која се одвива под покровителство на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, Министерството за култура во соработка со Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе