Албанологот Џеват Лоши и книжевниот критичар Алиу ја добија наградата „22 Ноември“

од admin_kult

Одборот за доделување на државна награда „22 Ноември“ денеска во Собранието ја додели наградата „22 Ноември“ за 2020 година на професорот, албанолог и академик, Џеват Лоши и на книжевниот критичар, Али Алиу.

Наградата се доделува за признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Северна Македонија, кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во државата.

Претседателката на Одборот, Гзиме Старова, која денеска им ја додели наградата на добитниците, посочи дека денешниот чин на доделување на оваа награда се одвива токму на празникот Ден на албанската азбука, создадена на денешен ден во 1908 година, како најзначаен културен настан на албанскиот народ на почетокот на 20 век.

-Овој настан има национална, но и универзална конотација, обединувач на мисија на народите, јазикот и писимито се важен фактор во мултикултурната реалност на нашата земја со почитување на сите наши зааедници при што различните култури ќе се надополнуваат и меѓусебно ќе се збогатуваат, посочи Старова.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе