Отворен е македонскиот павилјон, во кој е поставен повеќеслојниот и трансмедијален проект на Славица Јанешлиева „INTER SPEM ET METUM“ („Помеѓу надеж и страв“) и Националната галерија на Северна Македонија како официјален претставник на земјава на светската културна манифестација Венециско биенале на уметноста 2024.
Проектот изложен во зградата на Скуола деи Ланери (Scuola dei Laneri) е достапен за пошироката публика секој ден, освен понеделник, од 11 до 19 часот.
–Делото на Славица Јанашлиева во контекст на годинашната тема „Странци насекаде“, со наслов „Помеѓу надеж и страв“ / „Inter Spem et Metum“ се занимава со аспектот на странецот, на „другиот“, виден низ многу слоевити нивоа на антиципација на контекстот, изјави комесарот на проектот Дита Старова Ќерими.
Проектот кој е поддржан од Министерството за култура, го курираше Ана Франговска, кустос советник во Националната галерија.
Венециското биенале на уметноста ќе се одржува од 20 април до 24 ноември 2024 година.