Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, на 30 март 2024 година (сабота), во 13:45 часот, заедно со дополнителната заменичка-министерка за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и со дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев ќе остварат работна посета на Општина Кривогаштани.
Посетата ќе започне со средба со градоначалникот Николче Мискоски во општинската зграда во 13:45 часот, а ќе се изврши и увид во проектите поддржани со средства од Капиталните дотации во културата наменети за единиците на локалната самоуправа.
Изјави за медиумите на министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска и на градоначалникот на Општина Кривогаштани, Николче Мисковски, се предвидени во 15:00 часот.
Го покануваме вашиот медиум да го проследи настанот.