Поддршката на Европската Унија во рамките на повикот за Проекти за европска соработка е наменета за проекти со широк спектар активности и иницијативи кои вклучуваат организации од културните и од креативните сектори во 40-те земји учеснички во програмата Креативна Европа – потпрограма Култура.
Буџетот обезбеден за овој повик за 2024 година изнесува 59 730 025 евра, а се очекува да се поддржат околу 130 предлог-проекти.
Повикот претставува можност за поддршка на европската соработка преку копродукциски активности, кои опфаќаат: експериментални и иновативнни пристапи, мобилност на уметниците и професионалците од релевантните сектории, размена на знаења и искуства меѓу културни организации и сл.
Повикот има цел да го олесни пристапот до европската култура преку поддршка на: (1) транснационалната креативност и циркулација и (2) иновативноста.
Приоритети
- Публика (зголемен пристап и учество во културата, вклученост на публиката физички и дигитално).
- Социјална инклузија (промоција на социјалната чувствителност и креирање можности за социјалната вклученост во/преку културата, со акцент на уметниците и културните работници со попреченост, припадниците на националните малцинства и социјално маргинализираните групи).
- Одржливост (кокреирање, усвојување и ширење еколошки практики, како и подигнување на свеста за одржлив развој преку културни активности во согласност со Европскиот зелен план и Новиот европски Баухаус).
- Дигитален пристап (поддршка на европските културни и креативни сектори за да иницираат или да ја забрзаат дигиталната транзиција, вклучувајќи ги можностите и предизвиците што доаѓаат со употребата на вештачка интелигенција и други прогресивни технологии).
- Меѓународна димензија (јакнење на капацитетите во европските културни и креативни сектори, вклучително и локални организации и микроорганизации, за дејствување на меѓународно ниво – во Европа и пошироко).
Составен дел на целите и прироритетите на предлог-проектите се меѓусекторските вкрстени теми (Cross Cutting Issues), и тоа: инклузијата, разноликоста, родовата еднаквост и еколошките прашања кои придонесуваат во борбата против климатските промени.
Предложените проекти може да опфаќаат еден или повеќе културни и креативни сектори, но, исто така, може да се предложат и интердисциплинарни активности.
Секторскиот приоритет за 2024 година се однесува на поддршка на украинскиот културен и креативен сектор како одговор на последиците од војната која го уништи украинскиот културен сектор.
НОВО: Категории на повикот за 2024 година
Поддршката на повикот за 2024 година се однесува на две категории:
- COOP-1 – проекти за соработка од мал обем: минимум 3 партнери од 3 различни земји /ЕУ до 200 000 евра (80 % од вкупниот буџет на проектот);
- COOP-2 – проекти за соработка од среден обем: минимум 5 партнери од 5 различни земји/ЕУ-грант до 1 000 000 евра (70 % од вкупниот буџет на проектот).
Третата категорија COOP-3 – големи проекти ќе се објавува секоја втора година.
Времетраењето на проектите од двете категории изнесува максимум 48 месеци.
Квалификувани апликанти: Правни лица (приватни и јавни) со седиште (регистрирани) во една од 40-те земји учеснички во програмата Креативна Европа – потпрограма Култура.
Физички лица не се квалификувани за учество во програмата.
Краен рок за поднесување на предлог-проектите е 23 јануари 2023 година, до 17 часот по средноевропско време.
Апликациите се поднесуваат електронски преку „Funding &Tenders Opportunity Portal“:
Повеќе информации за критериумите и за начинот на поднесување на предлог-апликацијата може да најдете во документот за повикот (COOP Call Document 2024):