Со изведба на претставата „Антигона“, работена според делото на познатиот француски драматург Жан Ануј и во режија на Александар Морфов, вчеравечер на големата сцена на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес беше отворено јубилејното, дваесетто издание на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“.
Фестивалот за отворен го прогласи директорот Сашо Димоски. Претставата, во која учествуваа над триесет актери и изведувачи, предизвика голем интерес кај велешката публика, која со аплауз ја врати актерската екипа на бис.
Во рамките на Фестивалот на античка драма „Стоби“, кој ќе трае до 12 октомври 2023 година, ќе бидат одиграни девет претстави, а посетителите ќе можат да проследат и богата оф-програма.