Почина актерката Ратка Радмановиќ

од admin_kult

Почина актерката Ратка Радмановиќ, потврдија од Народниот театар во Битола. Родена во Кочани, Радмановиќ најголем дел од кариерата работеше во Битолскиот народен театар. Таа оствари низа улоги во театрите во Кочани, Струмица, Штип и Куманово.

Радмановиќ оствари и десетина филмски улоги во „Пред дождот“, „Ослободување на Скопје“, „Прашина“, „Кајмак“, „До балчак“, „Панкот не е мртов“, „Мајки“, „Трето полувреме“ и други. Освен за домашните режисери, таа беше интересна актерска појава и за популарниот режисер Емир Кустурица, кој ја ангажираше во неговиот филм ,,На млечниот пат”.

Погребот на Радмановиќ ќе се одржи утре во 11 часот.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе