Во Културно-информативниот центар на РСМ во Софија, денеска во 18:00 часот ќе биде отворена ликовната изложба „Реминисценции“ на Марјан Ѕингаров, повеќегодишен соработник и пријател на КИЦ на РСМ во Софија.
На изложбата ќе бидат претставени дела од од последниот циклус на авторот изработени на платно во комбинирана техника со акрилни бои.
Марјан Ѕингаров досега има реализирано девет самостојни изложби во Северна Македонија, Бугарија и во Романија. Учествувал на групни изложби во земјава и во странство.