Министерството за култура и Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија информираат за повикот на УНЕСКО, Британскиот совет и Италијанската агенција за развојна соработка финансиран од Европската Унија за аплицирање во рамките на проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“.
Целта на повикот е да се поттикне меѓукултурниот дијалог во Западен Балкан преку зацврстување на културните и креативните сектори во насока на зголемување на социо-економското влијание, преку активности за поддршка на инклузивни и ефективни културни политики, подобрување на регионалната културна соработка, поддршка на културните и креативните индустрии, стимулирање на заштитата на културното наследство, промовирање на мобилноста на уметниците и на културните работници, како и на креативните добра и услуги, итн. На повикот може да се пријават установи од областа на културата и на образованието, културни и креативни организации, организации од граѓанскиот сектор, физички лица, медиумски работници и др.
Повикот, критериумите и начините на аплицирање може да се најдат на следниве линкови:
– за физички лица: https://bit.ly/3WIGEji, со рок за поднесување најдоцна до 15 март 2023 година;
– за организации и институции: https://bit.ly/3jl7S1F, со рок за поднесување најдоцна до 31 март 2023 година.
Во периодот што следува УНЕСКО во Скопје ќе организира информативна сесија за сите заинтересирани страни, за која ќе следуваат дополнителни информации.