Средба на министерката Костадиновска-Стојчевска со словачкиот амбасадор Маркуш

од admin_kult

Досегашната соработка во областа на културата меѓу Република Северна Македонија и Република Словачка  беше главна тема на разговорот на денешната средба меѓу министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска  и словачкиот амбасадор во нашата земја,  Хенрик Маркуш.

На средбата, министерката Костадиновска-Стојчевска и амбасадорот Маркуш се согласија  дека меѓу двете земји постои солидно ниво на соработка  во областа на културата, а беше разгледана и иницијативата за потпишување нов билатерален документ за соработка.

Соговорниците ја истакнаа добрата соработка во областа на литературата и издавачката дејност, а беше потенцирано и учеството на словачки поети на  поетската манифестација „Струшки вечери на поезијата“. Како особено значајна беше истакната и успешната соработка во рамките на членството во меѓународната фондација „Форум на словенските култури“.

Министерката за култура Костадиновска-Стојчевска и амбасадорот Маркуш изразија очекување соработката во областа на културата и пријателските односи меѓу двете земји  да се продлабочуваат со понагласена динамика во периодот што следува.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе