Повик на УНЕСКО, Британскиот совет и Италијанската агенција за развојна соработка за аплицирање во рамките на проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ финансиран од Европската Унија

од admin_kult

Министерството за култура и Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија информираат за повикот на УНЕСКО, Британскиот совет и Италијанската агенција за развојна соработка финансиран од Европската Унија за аплицирање во рамките на проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“.

Целта на повикот е да се поттикне меѓукултурниот дијалог во Западен Балкан преку зацврстување на културните и креативните сектори во насока на зголемување на социо-економското влијание, преку активности за поддршка на инклузивни и ефективни културни политики, подобрување на регионалната културна соработка, поддршка на културните и креативните индустрии, стимулирање на заштитата на културното наследство, промовирање на мобилноста на уметниците и на културните работници, како и на креативните добра и услуги, итн. На повикот може да се пријават установи од областа на културата и на образованието, културни и креативни организации, организации од граѓанскиот сектор, физички лица, медиумски работници и др.

Повикот, критериумите и начините на аплицирање може да се најдат на следниве линкови:

– за физички лица: https://bit.ly/3WIGEji, со рок за поднесување најдоцна до 15 март 2023 година;

– за организации и институции: https://bit.ly/3jl7S1F, со рок за поднесување најдоцна до 31 март 2023 година.

Во периодот што следува УНЕСКО во Скопје ќе организира информативна сесија за сите заинтересирани страни, за која ќе следуваат дополнителни информации.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе