Драмскиот театар од Скопје гостува на фестивалот „РУТА Група Триглав“ во Љубљана

од admin_kult

Драмскиот театар со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ вечер (1 февруари) ќе гостува на словенечкото издание на регионалниот театарски фестивал „РУТА Група Триглав“, што се одржува во Љубљана, Словенија.

Од Драмскиот театар потсетуваат дека во рамките на фестивалот „РУТА Група Триглав“ и минатата година гостуваа на сцената на „Местно гледалишче“ –Љубљана, при што ја изведоа претставата „Мојот маж“ на авторката Румена Бужаровска и  режисерката Нела Витошевиќ.

Претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ е авторска адаптација на Сајмон Стивенс направена според мотивите од романот на Марк Хадон. Режисер е Зоја Бузалковска, професор на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Асистент на режија е Димче Николовски-Димската, а драматург е Александра Бошковска. Костимите за претставата ги изработија Елена Вангеловска и Раде Василев, а сценографијата Константин Трпеноски. Авторската музика е на Давид Ангеловски, а кореографијата е на Симон Симоновски.

Улогите во претставата ги толкуваат актерите: Дамјан Цветановски, Трајанка Илиева-Вељиќ, Александар Степанулески, Емилија Мицевска-Трајковиќ, Соња Стамболџиоска, Јасмина Василева, Филип Трајковиќ, Стефан Вујисиќ, Златко Митрески и Нела Павловска.

Премиерата на „Чудна случка со кучето во ноќта“ беше во декември 2021 година и досега има петнаесетина изведби.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе