Во салоните Империјал 1 и 2 денеска во 20:00 часот ќе биде отворена јубилејната изложба „55 години Културно-информативен центар (КИЦ)“.
Во рамките на изложбата ќе бидат изложени плакати од богатата историја на настани одржани во КИЦ печатени во графичкото студио и слики од богатата колекција.
Културно-информативен центар – Скопје, кој е основан во 1967 година, е една од најстарите културни установи во градот. Со долгогодишна традиција во културниот живот на скопјани, годинава одбележува 55 години од своето постоење.