Во галеријата на македонскиот Културно-информативен центар во Софија беше отворена изложбата „Уметноста како трансформирана реалност“, составена од графики на младите автори од Тетово: Берат Бекири, Астрит Реџепи и Улбер Даути.
На отворањето, пред присутните се обрати заменик-амбасадорот на Северна Македонија во Бугарија, Владимир Крстевски, а директорот на КИЦ во Софија, Сашко Насев, рече дека изложбата ќе им даде можност на бугарската публика и на познавачите на графиката и културата да се запознаат со нивната уметност.
Тројцата уметници, кои првпат се претставуваат пред публиката во Софија, претходно имаа и свои индивидуални изложби во повеќе градови во Северна Македонија, Косово, Албанија и во Турција.