Во македонскиот Културно-информативен центар во Софија отворена изложба на графичари од Тетово

од admin_kult

Во галеријата на македонскиот Културно-информативен центар во Софија беше отворена изложбата „Уметноста како трансформирана реалност“, составена од графики на младите автори од Тетово: Берат Бекири, Астрит Реџепи и Улбер Даути.

На отворањето, пред присутните се обрати заменик-амбасадорот на Северна Македонија во Бугарија, Владимир Крстевски, а директорот на КИЦ во Софија, Сашко Насев, рече дека изложбата ќе им даде можност на бугарската публика и на познавачите на графиката и културата да се запознаат со нивната уметност.

Тројцата уметници, кои првпат се претставуваат пред публиката во Софија, претходно имаа и свои индивидуални изложби во повеќе градови во Северна Македонија,  Косово, Албанија и во Турција.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе