На 3 ноември се одбележува Меѓународниот ден на биосферните резервати, кој за прв пат се прославува оваа година откако во 2021 година беше прогласен на 41. сесија на Генералната конференција на УНЕСКО.
Номинацијата на прекуграничниот биосферен резерват Охрид-Преспа беше одобрена од Меѓународниот координативен совет на УНЕСКО за програмата „Човек и биосфера“ на 26. состанок одржан во Јеншепинг, Шведска, во јуни 2014 година и со тоа се вклучи во Светската мрежа на биосферни резервати.