Театарот при Домот на културата Кавадарци вечер премиерно ќе ја изведе претставата „Покондирена тиква“ по текст на Јован Стерија Поповиќ, а во режија на Микица Илова.
Во претставата улогите ги толкуваат актерите: Ивана Данова, Ангела Василевска, Диме Боцев, Јована Секуловска, Александар Малинков, Сашко Орешков, Диме Коцевски, Валерија Пашова.
Претставата е поддржана од Министерството за култура и е дел од манифестацијата „Кавадаречка културна есен 2022“. Првите репризи на претставата се закажани на 29 октомври и 1 ноември 2022 година од 19:30 часот.