Премиера на претставата „Покондирена тиква“ на Театарот при Домот на културата Кавадарци

од admin_kult

Театарот при Домот на културата Кавадарци вечер премиерно ќе ја изведе претставата „Покондирена тиква“ по текст на Јован Стерија Поповиќ, а во режија на Микица Илова.

Во претставата улогите ги толкуваат актерите: Ивана Данова, Ангела Василевска, Диме Боцев, Јована Секуловска, Александар Малинков, Сашко Орешков, Диме Коцевски, Валерија Пашова.

Претставата е поддржана од Министерството за култура и е дел од манифестацијата „Кавадаречка културна есен 2022“. Првите репризи на претставата се закажани на 29 октомври и 1 ноември 2022 година од 19:30 часот.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе