Драмската програма на 62. „Охридско лето“ продолжува вечер со театарската претстава „Галеб“ од Антон Павлович Чехов, во режија на Нела Витошевиќ, а во изведба на Турскиот театар Скопје. Претставата ќе се одигра во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21 часот.
Во претставата играат: Несрин Таир, Хакан Даци, Осман Али, Џенап Самет, Стефанија Начевска, Сузан Акбелге, Ебру Мусли, Селпин Керим, Метин Ибрахим и Неат Али. Сценографијата е на Константин Трпеноски, а костимографијата на Роза Трајчевска-Ристоска.