Турскиот театар од Скопје со Чеховата „Галеб“ на „Охридско лето“

од admin_kult

Драмската програма на 62. „Охридско лето“ продолжува вечер со театарската претстава „Галеб“ од Антон Павлович Чехов, во режија на Нела Витошевиќ, а во изведба на Турскиот театар Скопје. Претставата ќе се одигра во Центарот за култура „Григор Прличев“  со почеток во 21 часот.

Во претставата играат: Несрин Таир, Хакан Даци, Осман Али, Џенап Самет, Стефанија Начевска, Сузан Акбелге, Ебру Мусли, Селпин Керим, Метин Ибрахим и Неат Али. Сценографијата е на Константин Трпеноски, а костимографијата на Роза Трајчевска-Ристоска.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе