Со балетската претстава „Дамите од Авињон“, Националната Опера и Балет, утре, 8 јули (петок) во 21:00 часот на сцената во паркот на Воената Академија во Софија, ќе гостува во рамките на Софискиот фестивал на Музички театар.
Режисер и кореограф на претставата е Олга Панго. Настапуваат Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Христина Наќевска, Мирослав Митрашиновиќ, Балаж Лашеи, Агим Бафтии и Ендру Кук.
Либрето и драматургија се на Сашо Димоски, музиката е на Калиопи Букле, асистенти на кореографот се Горан Божинов, Саша Евтимова, а костимограф е Раде Василев. Користени се сценографски елементи од операта „Змејовата невеста“ – сценограф Валентин Светозарев.
Софискиот фестивал на Музички театар се одржува од 24 јуни до 17 јули 2022 година.