Национална Опера и Балет на Северна Македонија гостува на Софискиот Фестивал на Музички театар

од admin_kult

Со балетската претстава „Дамите од Авињон“, Националната Опера и Балет, утре, 8 јули (петок) во 21:00 часот на сцената во  паркот на Воената Академија во Софија,  ќе гостува во рамките на Софискиот фестивал на Музички театар.

Режисер и кореограф на претставата е Олга Панго. Настапуваат Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Христина Наќевска, Мирослав Митрашиновиќ, Балаж Лашеи, Агим Бафтии и Ендру Кук.

Либрето и драматургија се на Сашо Димоски, музиката е на Калиопи Букле, асистенти на кореографот се Горан Божинов, Саша Евтимова, а костимограф е Раде Василев. Користени се сценографски елементи од операта „Змејовата невеста“ – сценограф Валентин Светозарев.

Софискиот фестивал на Музички театар се одржува од 24 јуни до 17 јули 2022 година. 

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе