Заменик-министерот за култура на Република Северна Македонија, Даим Лучи, вчера во Тирана оствари средба со претседателот на Република Албанија, Илир Мета.
Актуелните проблеми и можностите за соработка со цел унапредување и промоција на заедничките вредности меѓу двете земји беа главните теми на средбата меѓу Лучи и Мета.
Соговорниците дадоа силна поддршка на сите процеси за просперитет, продуктивност и воопшто за сите процеси што се од општо добро за двете земји.