Ве информираме дека денеска (5 мај) во 12:00 часот во Клубот на пратениците (во дворот) ќе се одржи свеченост на која ќе биде одбележан Денот на македонскиот јазик – 5 Мај.
На свеченоста ќе се обрати и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.
На денешен ден, во 1945 година, со Решение на Народната влада на Федерална Македонија, била усвоена азбуката на македонскиот јазик, а по два месеца, тогашното Министерство за просвета го озакони првиот Правопис на македонскиот јазик. По седумдесет и четири години, со Одлука на Владата на Република Северна Македонија, 5 мај е прогласен за Ден на македонската азбука и на македонскиот јазик.