Одбележување на Денот на македонскиот јазик

од admin_kult

Ве информираме дека денеска (5 мај) во 12:00 часот во Клубот на пратениците (во дворот) ќе се одржи свеченост на која ќе биде одбележан Денот на македонскиот јазик – 5 Мај.

На свеченоста ќе се обрати и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

На денешен ден, во 1945 година, со Решение на Народната влада на Федерална  Македонија, била усвоена азбуката на македонскиот јазик, а по два месеца, тогашното Министерство за просвета го озакони првиот Правопис на македонскиот јазик. По седумдесет и четири години, со Одлука на Владата на Република Северна Македонија, 5 мај е прогласен за Ден на македонската азбука и на македонскиот јазик.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе