Под мотото „Оживување на традиционалните спортови“, на 5 и 6 март годинава во Баку, Азербејџан, се одржа дводневниот 5. Форум за етноспортови, во организација на Светската етноспортска конфедерација (WEC).
На Форумот, чија цел е популаризација и зголемување на свеста за традиционалните игри и спортови, учествуваше и етнологот Афед Јашари, како претставник на Минстерството за култура, кој одржа презентација со наслов „Традиционалните стари игри од Македонија и од Балканот“.
На Форумот учествуваа 140 учесници од 45 земји во светот. Преку поставување краткорочни и долгорочни цели и стратегии, Етноспортската конфедерација настојува да ја зголеми свеста за традиционалните игри и спортови.
Претседателот на Конфедерацијата, Неџмедин Билал Ердога, на отворањето на Форумот рече дека Светската етноспортска конфедерација континуирано ги спроведува своите активности насочени кон заживување на традиционалните игри и спортови почитувајќи ги принципите на традицијата, почитувањето, солидарноста и мирот.