Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија информира за Повикот на Центарот за светско наследство на УНЕСКО за проекти во рамките на кампањата за волонтери за светско наследство за 2022 година.
Оваа иницијатива е промовирана во 2008 година со цел да ги поттикне младите луѓе да преземат конкретни активности и да одиграат активна улога во заштитата, чувањето и промовирањето на локалитетите на светското наследство.
Повикот, критериумите и начините на аплицирање за сите заинтересирани младински организации, здруженија на граѓани и институции може да се најдат на следниов линк: https://whc.unesco.org/en/news/2397, со забелешка дека рокот за поднесување на онлајн апликациите е најдоцна до 20 февруари 2022 година.