Повик на Центарот за светско наследство на УНЕСКО за проекти во рамките на кампањата за волонтери за светско наследство за 2022 година

од admin_kult

Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија информира за Повикот на Центарот за светско наследство на УНЕСКО за проекти во рамките на кампањата за волонтери за светско наследство за 2022 година.

Оваа иницијатива е промовирана во 2008 година со цел да ги поттикне младите луѓе да преземат конкретни активности и да одиграат активна улога во заштитата, чувањето и промовирањето на локалитетите на светското наследство.

Повикот, критериумите и начините на аплицирање за сите заинтересирани младински организации, здруженија на граѓани и институции може да се најдат на следниов линк: https://whc.unesco.org/en/news/2397, со забелешка дека рокот за поднесување на онлајн апликациите е најдоцна до 20 февруари 2022 година.  

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе