ДПМ ги награди Челиковиќ, Стојчевски, Пандев и Андоновски

од admin_kult

Ивица Челиковиќ, Санде Стојчевски, Димитар Пандев и Венко Андоновски се добитници на книжевните награди на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) за изминатата, 2021 година.

Наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно остварување во 2021 година ја доби Ивица Челиковиќ за романот „Ден за одмазда“, наградата „Ацо Шопов“ за најдобра поетска книга му се доделува на Санде Стојчевски за стихозбирката „Великата лирска песна: песни за Неа“, Димитар Пандев е добитник на наградата „Димитар Митрев“ за најдобра критичко-есеистичка книга за делото „Времето на Конески“, а наградата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца и млади во 2021 година ја доби Венко Андоновски за романот за деца „Имаш пчела на носот: роман за њутајмер и олдтајмер тинејџери“.

На распишаниот конкурс за книжевната награда „Мост“ за книга напишана на еден од јазиците на националностите оваа година не биле доставени книги.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе